Make your own free website on Tripod.com

 

10 Home
20 Sweet
30 Goto 10

 

 





Спонзорирани линкови, нема. Oвој сајт не е спонзориран од никого, се бараат спонзори!

Sponsored links, null.This site is not sponsored by anyone, sponsors wanted!

  Net Send Lizard 1.0 (beta)

  

Net Send Lizard е програма дизајнирана за pear-to-pear (значи без присуство на сервер) мрежна комуникација (разговор) и размена на датотеки. Во моменталната верзија подржана е само комуникација во локална мрежа, но крајна цел на проектот е поврзување со соодветен web сервис и подршка за p2p комуникација преку интернет (се бараат интернет сервери за ASP .NET и MS SQL Server 2K), со што ќе претставува своевиден ICQ или Napster, со нешто помалку можности, но на Македонски јазик (веројатно нема да биде преведувана на други јазици). Новa и официјална верзија ќе следува наскоро.


Збор два и за подршката на македонскиот јазик.

Програмата е изработена со целосна подршка за уникод (за кодна страна 1251) и е тестирана во оперативните системи Win2000 и WinXP и одлично функционира. Не е тестирана под Win98 и WinME. За целосна подршка на Маедонскиот јазик можеби ќе бидат потребни и одредени подесувања во Control Panel -> Regioanl and Langugae под ставките Regional Options и Advanced. Но ова треба веќе да го имате сторено и до сега па веројатно нема да има потреба од тоа. Но за секој случај, јас да си кажам.

  

Со програмата нема никаква документација ниту датотеки со помош и упатство за употреба, но нема да имате никаков проблем (освен ако имате IQ<20). Прошетајте низ менијата и проверете ги опциите, сменете го корисничкото име и, комуницирајте. Користењето и инсталацијата е стандардна за овој тип на програми.

Во оваа верзја Net Send Lizard е freeware

...што значи дека можете слободно да ја копирате и дистрибуирате колку што ќе сакате без надоместок на авторот и во приватни и во комерцијални цели. Не дека јас не сакам да заработам нешто, но јас сум еден од оние кои што со години наназад уживаат во добрата на бесплатниот софтвер. Иамјки огромна почит кон луѓето што издаваат такви дела, сакам да дадам свој придонес во светот на бесплатниот софтвер. А и мислам дека продажбата воопшто нема да пројде на нашиот софтверски пазар па... Сепак ако навистина ви се допаѓа програмата и се чувствувате како да треба да ме наградите на било кој начин, слободно можете да го сторите тоа. Ако на било кој начи ми го извадете или сменете името и напишете дека вие сте ја изработиле програмата (се има случено и порано), тогаш навистина ќе спиздам и ќе мора да дојдам и да ве...

  

 
Официјален Copyright & Disclaimer

Сега нешто за официјалните права и обврски. Овој софтвер е дистибуиран таков каков што е и не доаѓа со никакви гаранции ниту обврски на авторот. Иако авторот се обиде да ги пронајде и отстрани сите грешки и багови во пакетот, може да дојде до одредени нестабилности на програмата (сепак се работи само за рана бета верзија). Тој не е одговорен за вашите загуби од било кој вид при употреба или злоупотреба на овој пакет. Значи не можете да поднесете тужба ако ви изгоре компјутерот и експлодира мониторот, хе хе. Авторот нема обврска да обезбеди сервис, исправки или нови верзии на овој софтвер. Одговорно тврдам дека датотеките преземени од официјалниот сајт не содржат било каков деструктивен код со кој ќе бидат загрозени вашите податоци или вашата приватност. Доклку не ги прифаќате овие услови, немате право на употреба на овој пакет.

Copyright © 2002 Dimce Kuzmanov. All Rights Reserved.

  

 
Феачурс
  • Прќање и примање на текстуални пораки во локална мрежа
  • Праќање и примање на датотеки
  • Пишување на пораки со сопствен фонт
  • Подршка за емотикони
  • Промена на статус (активен, исклучен и отсутен)
  • Блокирање на непожелни соговорници
    ...

Во следните верзии е предвидено:

  • Дотерување на корисничкиот интерфејс
  • Додавање на нови функционалности и форматирање на текстот
  • Преведување на сите оние Yes, No, Ok, Cancel и слични копчиња од стандардните Windows диалог прозори
  • Компресија на датотеката пред нејзиното испраќање
  • Испраќање на повеќе датотеки и именици во пакет
  • Постоење на јавен именик од кој слободно ќе се преземаат датотеки без претходна потврда
  • Штом се обезбедат услови како крајна цел е креирање и поврзување со интернет сервис за пораки и слободна размена на датотеки
  • Подшка за ICQ, MS Messnger, Jaber и други светски сервиси за инстант пораки (IM)
  • Гласовна комуникација ?!? (да не претеруваме)
  • Се друго што ќе ми текне откако ќе го завршам овој текст



Ciopyright (C) 2003 Lizard